You Tube „станува телевизија„: Google вложува 100 милиони долари во призвотство на авторски емисии

popara6 октомври, 20111min00
youtube-naslovna625

YOU TUBE, наскоро на своите корисници ќе започне да им нуди оригинални видео содржини, јавува „ Wall Street Journal“ повикувајќи се на извори од Google. Преговорите со големите холивудски компании и славни личности, како Тони Хавка, кој наскоро ќе треба да почне да произведува емисии за You Tube, наводно се при крај.

Шефовите на Google веруваат дека можат да го претворат You Tube во идна генерација на кабелска телевизија, и планираат во популарниот видео сервис да интегрираат детски „телевизиски канали“ кои ќе емитуваат оригинална содржина, произведени токму за You Tube. Извори од Google, тврдат дека ќе се рботи за професионално произведени емисии, кои во секој поглед ќе можат да и парират на телевизиската програма.

You Tube веќе ги тргне настрана 100-те милиони долари кои се почетна инвестиција во овој проект. Google верува дека целиот вложен износ ќе го надокнади со наплата од реклами. Добивката од рекламниот простор, во склоп со оригиналната содржина на You Тubе, Google ќе ја дели со своите парнери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma