Турција го протерала Израелскиот амабасадор и ги суспендирала сите воени договори со таа земја, а главна причина за овој драматичен политички потег е фактот што Израел не сакал да и се извини на Турција за нападот на турската флота која носела хуманитарна помош на Палестинците во Појасот Газа. Во овој напад загинале девет турски државјани, а Турција во неколку наврати побарала од Израел да и се извини. Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу изјавил дека одлуката е донесена откако се појавиле извештаите од официјалната истрага на ОН за овој случај. До извештајот дошол Њујорк Тајмс, а во него пишувало дека израелската армија употребила прекумерна сила во нападот на турската флота, но и тоа дека израелската блокада на Појасот Газа е легална. ОН во врска со овој случај ја советувал Турција да се помири со Израел во интерес на мирот и стабилноста на Блискиот Исток.
Њујорк Тајмс пишува дека Израел е исклучително задоволен од извештајот, но не и Турција, која ги намалила меѓусебните односи со Израел на најниско можно ниво.