Членовите од семејството на Мајкл Џексон планираат да започнат соработка со продуцентот Дејвид Гест, за да остварат турнеја во чест на починатиот музичар.
Братот на Мајкл, Тито и сестрата Реби ќе настапуваат неколку пати низ Велика Британија и САД следната година. На планираната турнеја ќе учествува и семјниот пријател на Џесконови, Денис Вилијамс .
Дејвид Гест вели дека поголемиот дел од шоуто ќе биде сеќавање и анегдоти од животот на Мајкл, кои публиката досега воопшто ги нема чуено. Објавувањето на турнејата ќе биде следниот месец кога Кристина Агилера, Леона Луис и Си Ло Грин ќе пеат на концертот во Кардиф, исто така во чест на Мајкл Џексон. Од неофицијални извори, турнејата се очекува да започне од март, 2012 година.
Шоуто кое ќе се вика „A Jackson Named Michael“ ќе содржи петчасовен филм за Мајкл од архивите на Дејвид кој досега не е виден и 30-минутно интервју со мајката на Мајкл, Кетрин.
Тито вели дека со нетрпение ја очекува турнејата и дека има да разкажува многу приказни за животот на Мајкл кои ќе ја насмеат публиката, ќе ја натераат да заплаче и ќе ги маѓепса истовремено.
Документарецот за Мајкл Џексон „Животот на една икона“ треба да излезе на 31 октомври оваа година.