Турнир во борење за Гинисовата книга на рекорди

popara30 ноември, 20111min00
ginis

Монголската Национална Боречка Федерација успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го организирање најголемиот турнир во борење во светот.

Турнирот, на кој учествуваа рекордни 6002 учесници, се одржа во главниот град Уланбатур за време на 9 дневниот фестивал „Наадам“, кој покрај борењето, вклучува и натпревари во јавање и стрелаштво.

Церемонијата на турнирот ја отвори премиерот на Монголија, Сукбатар Батболд, кој објави дека е особено горд на овој рекорд, во кој учествуваа учесници на возраст од 14 до 80 години од 21 различна провинција и 325 различни под-провинции, а дел од нив патувале дури 1700 километри за да учествуваат во турнирот.

Со овој турнир Монголците успеаа да го срушат претходниот рекорд поставен во Кина, на кој учествувале 2048 борачи. Главната награда на турнирот изнесувала 7.500 фунти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag