Турската војска “на готовс” да влезе во Ирак

popara14 септември, 20111min00
photo_1313651606886-1-0

Турција ја разгледува можноста за влез на копнени воени сили во северениот дел на Ирак, со цел да се пресмета со курдските бунтовници, кои во последните два месеци убиле 40 турски војници.

– Дискусијата за копнена операција е во тек. Таа може да започне во било кое време, се зависи од преговорите со соседен Ирак, изјавил турскиот министер за внатрешни работи Идрис Сахин.

Изјавата на министерот Сахин следела, по објавите на локалните турски медиуми дека армијата и безбедносните сили припремаат воена интервенција во северен Ирак, а цел на нападот се членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која понекогаш напаѓа цели на турска територија.

Во Анкара, Курдите се обвинети за сепаратизам и тероризам, додека тие тврдат дека се борат за автономија на својот народ.

Локалните медиуми објавиле дека турската армија во последните неколку дена испратила засилување и оружје во пограничниот регион во северениот дел на Ирак. Авионите редовно вршеле извиднички летови на граничната линија. Последната турска инвазијата во северниот дел на Ирак била во февруари 2008 година. Турција од почетокот на годината повремено ги бомбардирала бунтовничките позиции. Во конфликтот досега загинале повеќе од 40.000 војници, бунтовници и цивили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma