Twitter никогаш веќе нема да биде ист

popara12 декември, 20111min00
0343007.42

Twitter го претстави новиот дизајн за Twitter.com и TweetDeck, со цел да го поедностави користењето на мобилните апликации.

Twitter исто така претстави и три нови опции на врвот на страницата – Home, @Connect и #Discover.

@Connect прикажува кој ве спомнал и ви сугерира кои профили дополнително би можеле да ги следите. #Discover ви покажува што е во тренд и ве води до најважните приказни и видеозаписи.

Едно од важните промени е тоа дека сега твитовите се појавуваат на десната страна.

Мобилните апликации исто така се ажурирани за iPhone и Android.

Претседателот на Twitter, Џек Дорси, изјави дека целта на овој ре-дизајн е да го направи „Twitter попристапен за сите 7 милијарди жители на планетата”, додавајќи дека ова е „најдоброто место на кое можете себеси да се претставите на интернет”.

Се чини дека Twitter сега изгледа повеќе на Facebook, а новите функции повеќе се насочени на социјалната интеракција и брендираните страници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag