Проблематичниот татко на проблематичната актерка Линдзи Лохан, Мајкл Лохан во вторникот завршил во полиција. Во моментов тој е во притвор во Тампа откако бил уапсен од страна на полицијата за насилство врз неговата девојка Кејт.
Ова не е прв пат двојката да има конфликт помеѓу нив, бидејќи Мајкл и во март годинава бил уапсен поради насилство врз неговата девојка. Сепак, Мајкл сега е обвинет и за обид за бегство. Имено, кога полицијата пристигнала да го уапси, тој се пожалил на болки во градниот кош. Поради тоа полицијата наместо во полициска станица прво го однела во болница за да му направат преглед на градите. Мајкл во болницата се обидел да и избега на полицијата, но еден од полицајците го видел и повторно го уапсил. Се уште нема никакви информации каква казна му следува на Мајкл Лохан.