Уапсен уценувачот на Берлускони, кој претходно му местел млади девојчиња

popara2 септември, 20111min00
123901-050-A9F92104

Италијанската полиција го уапсила 34-годишниот бизнисмен Џампаоло Тарантини и неговата сопруга Анџела Девенуто, поради уценување на италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Полицијата верува дека Тарантини им плаќал на младите девојки да учествуваат во дивите журки кои ги правел Берлускони, и дека подоцна го уценувал премиерот.

Тарантини во 2009 година изјавил дека платил 30 девојки, вклучувајќи ја и проститутката Патриша Адарио, да го забавуваат премиерот во неговите вили.

Тужителите изјавиле дека Тарантини месечно извлекувал одреден износ од Берлускони како би им рекол на истражителите дека премиерот не знаел дека девојките се платени, објавил магазинот Панорама, весник кој е во сопственост на семејството Берлускони.

Тој добил 500.000 евра, а потоа и дополнителен износ на пари со цел да се одлучи на брзо судење, за да се избегне долг процес во кој би можеле да се објават “непријатни” детали.

“Ги претставив како мои пријателки и никогаш не спомнав дека сум ги плаќал”, изјавил Тарантини во едно интервју.

Сексот со проститутки во Италија не е забранет, но Берлускони сака да го задржи имиџот на “мажиште,” кој не плаќа за секс, пишува АФП.

Тарантини кој работи во медицинската индустрија е осомничен за неколку случаи на корупција, а веќе бил и осудуван.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag