Пет членови на криминална група “Пинк Пантер”, биле уапсени под сомнение дека ограбиле 70 јувелирници во земјите на Европската Унија, но и во Србија.
Тие се обвинети дека ограбиле накит во вредност од неколку милиони евра, а последната акција била ограбување на златара во трговскиот центар “Пирамида” во Белград, каде тие успеале да украдат околу 5,5 милиони динари во накит. Полицијата го уапсила организаторот на групата Славко П. (24 ), и неговите помошници Младен Н. (28), Бранка С. (24), Ненад В. (21), Саша В. (26), сите од Ужице. Славко бил уапсен пред изнајмениот стан, каде полицијата при претрес пронашла мала количина на наркотици и накит од златарата во ТЦ “Пирамида”.