Доаѓа есен, а нам веќе ни недостигаат топлите летни денови. Но време е за јакни, чизми и чадори. Еве ви некои предлози за удобна, топла и тренди есенска облека.
Спортските комбинации на пантолони со џемпер секогаш се одлична комбинации, а може да ги искомбинирате и со мокасинки, кои се тренди оваа сезона.
Есенските денови се често дождливи и мрачни, па затоа одберете топли земјени тонови како кафена, крем и светло сива. За да ја разбиете монотонијата, изберете некоја шарена туника или интересни модни додатоци.
Одлично парче облека кое мора да го поседувате е долга женствена фустанче, кое одлично се комбинира со чизми и може да го носите и како денска и како ноќна варијанта. Надополнете го важиот изглед со некој џемпер или кошула, како и интересен ремен.
За оваа есен мора да имате добри кожни чизми. Може да ги искомбинирате со хеланки, пантолони или фустани, но ќе ви бидат незаменлив дел од вашата гардероба.