Украдени се примероци од Месечината?!

popara10 декември, 20111min00
moon5

Повеќе од 500 парчиња карпи, метеори и комети од Месечината се украдени или исчезнале од седумдесетите години на минатиот век, соопштила вслаенската агенција НАСА.

Во извештајот на генералниот инспектор на агенцијата  се вели дека меѓу украдените предмети, 218 примероци од Месечината кои се украдени, а потоа вратени, како и дваесет парчиња карпи и почвата од Месечината чие исчезнување е пријавено минатата година.

НАСА која позајмила повеќе од 26.000 примероци, треба да води подобра евиденцја за тоа што се испраќа на истражувачите и музеите, се вели во извеѓтајот. Недостатокот на контрола “го зголемува ризикот дека и овие единствени извори ќе бидат изгубени”, заклучокот од извештајот.

По минатогодишниот случај на исчезнати примероци од Месечината позајмени од астрономската опсерваторија во Делавер, чија управа тврдела дека се вратени, генералниот инспектор на НАСА одлучил да направи попис на повеќе од илјада примероци на камења од Месечината, Месечевата прашина, метеори, и други материјали од вселената кои агенцијата ги позајмила.

Во два случаи, еден истражувач кај себе имал девет примероци од Месечината кои ги позајмил пред 35 години, а друг веќе 14 години чува десет примероци од позајмените метеорити. Трет истражувач кај себе имал 36 примероци од Месечината, 16 години по разоткривање на истражувањето за кое му биле потребни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag