Умре првиот човек на Apple – Стив Џопс!

popara6 октомври, 20111min00
100366

Еден од основачите на компанијата Apple и еден од најголемите визионери Стив Џопс, почина на 56 години, оставајќи зад себе неизбришлива трага во светот на компјутерската технологија со неверојатната сопсобност да се прилагоди (hard-core) технологијата разбирајќи ја човековата природа.

Компанијата Apple во средата соопштила дека Џопс починал, ненаведувајќи ги причините за смртта, пренесува АР.

„Тој почина мирно“, навеле членови на неговто семејство, кои додале дека биле покрај него во последните минути од неговиот живот.

Џопс се бореше со рак од 2004 година, а во 2009 беше и на трансплантација на црниот дроб, па затоа се повлече на неодредено време од јавноста.

Во неодамнешните јавни настапи Џопс бил ведар и пол со ентузијазам, но на 24 август оваа година конечно објави свое повлекување.

Компанијата ја има основано во 1976 година со својот пријател Стив Вознијак. Заедно го лансираа “Епл II”,првиот компјутер за лична употреба (PC).

Тој во последните 35 години се покажа како неверојатен иноватор и еден од најголемите визионери во светот на технологијата.