Оваа колекција од прекрасни фотографии е креирана од фотографот Роберт Јасо. Тој својата кариера ја започна како модел во Словачка, и по долгото искуство со модата реши да ја следи модата преку својот фотоапарат. Тој соработува со најдобрите фризери и мејк ап стилисти, како и со најдобрите козметички брендови, па нека не ве зачудува зошто неговите модели во неговите фотографии изгледаат прекрасно и совршено.