Универзалната природа на чаевите – чисти теписи и го негува вашето лице :))))

popara13 октомври, 20111min00
caj

Чаевите, освен примарната функција за хидратација, користат и за повеќе други работи:

Чистење теписи: Чаевите се одлично средство за чистење на дамките на теписите. Врз дамката ставете сув и веќе искористен лист од зелен чај и оставете го 10тина минути, а пото исчистете со влажна крпа.

Сјај за дрвените подови: Откако ќе ги исчистите подовите, премачкајте ги со изладен чај, но внимавајте да не нанесете многу. Оставете да се исуши и уживајте во подовите што светат како нови.

Дрвен мебел: Чајот може да ви помогне и за чистење на дрвениот мебел. Навлажнете крпа со чај и избришете го дрвениот мебел; ќе се изненадите од резултатите и добиениот сјај.

Огледала и прозори: Чајот е одлично средство за отстранување на масните дамки и отисоците од прсти врз сите стаклени површини. За полесно чистење, наполнете боца со распрскувач со чај и нанесете на стаклената површина, па избришете со сува крпа.

Дамки во WC шоља: За да ги отстраните непријатните дамки во WC шољата, посипете листови зелен чај и оставете ги неколку часови да отстојат. Потоа исчистете ја шољата со четка, ќе видите дека дамките се отстрануваат без мака.

Изгореници: За да ги ублажите изгорениците, нанесете мокри ќесички чај врз болните места. Доколку сте изгорени на целото тело, направете кукпа од чај.

Одмор за олите: Памук натопен во чај или ќесички чај намокрени со тпла вода се вистински рај за вашите очи. Нанесете ги, одморете 15 минути и ќе се зачудите од неверојатните резултати.

Сјај за сува и оштетена коса: Доколку ви е смачено од сува и оштетена коса, практикувајте после секое бањање да нанесете сварен изладен чај врз вашата коса. Оставете го да отстои 10 минути, па исплакнете ја косата.

Нежна и хидратирана кожа: За да ја одржите еластичноста и хидратацијата на вашата кожа, практикувајте купка од зелен чај барем еднаш месечно. Исто така вашето лице ќе ви биде благодарно доколку одвреме навреме го чистите со изладен чај од камилица.

Акни: Лицата кои имаат проблеми со акните може да го ублажат воспалението доколку секоја вечер се мијат со изладен зелен чај.

Месо: За маринирање на жилаво месо, во маринадата ставете малку црн чај за месото да омекне.

Растенија: Наместо вода, понекогаш практикувајте да ги наводенувате вашите собни растенија со чај. Минералите во чајот ќе им помогнат на билките да се ревитализираат и ќе ги им ги овозможат потребните хранливи состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma