Уште една херојска улога за Дензел Вашингтон

popara13 септември, 20111min00
DENZEL VOSINGTON

Познатиот холивудски актер Дензел Вашингтон, кој сме навикнати да го гледаме како „го спасува светот“ во акционите филмови, повторно ќе се појави во улога на херој во филмот „Лет“ (Flight).

Во новиот филм Дензел ќе глуми пилот на оштетен авион кој со херојски подвиг ќе ги спаси животите на 98 од 106 патници и членови на екипажот. Додека целата нација ќе го слави како херој, тој ќе се соочува со кошмарни проблеми заради истрагата која ќе биде покрената за неговото однесување за време на кобниот лет.

Сценариото за филмот го напишал Џон Гетинс, а режисерската палка му е доверена на Роберт Земекис. Почетокот на снимањето на филмот е закажано за октомври во Атланта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma