Уште неколку намирници кои ќе ви помогнат во борбата против брчките

popara17 декември, 20111min00
maska

Ви претставуваме уште една листа на намирници која ќе ви помогне во борбата против брчките:

Семки од тиква: Богати се со витамин Е, кој го стимулира производството на колаген и слободните радикали, а со тоа и ја подобрува состојба на клетките на кожата. Сомелете неколку семки, измешајте ги со лажица маслиново масло, ставете ја смесата на лицето и вашата кожа ќе ја добие хидратацијата која и е потребна.

Сок од зелени јаболка: Едно јаболко дневно може навистина да ја подобри состојбата на вашето лице! Сокот од зелените јаболка содржи многу витамини и киселини кои и помагаат на кожата да се регенерира. Во блендер ставете неколку парчиња јаболко со две лажици мед, една лажица јогурт и изматете ја смесата. Оставете ја маската да делува на лицето околу 20тина минути, што во голема мера ќе ја освежи вашата кожа.

Авокадо: Ова овошје содржи најмалку 14 минерали од суштинско значење за негата на кожата, и е одлично за хидратацја, лекување и длабоко хранење на кожата. Изматете  една жолчка од јајце со половина авокадо и лажица мед за маска за подмладување на кожата. Оставете ја маска на лицето 20 минути, па измијте со топла вода.

Грозје: Полифенолите кои ги содржи грозјето се одлични во борбата против слободните радикали. Тие се одлични за зачувување на структурата на колагенот и се неопходни за одржување на цврстина на кожата. Исто така овошни киселини од грозјето ги отстрануваат мртвите клетки на кожата. Изгмечете 10 големи зрна грозје, отстранете ги семките и додадете лажица мед. Маската оставете ја да делува 15 минути, па исплакнете со млака вода.

Папаја: Уште еден тропско овошје кое е одличен сојузник во борбата против брчките и флеките на кожата. Папајата е богата со растителни влакна, фолна киселина и магнезиум, и ја прави кожата мазна, светла и со значително помалку знаци на стареење. Измешајте две лажици каша од папаја со лажица овесна каша, направете маска и оставете да дејствува 10 минути. Резултатот ќе биде магичен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag