Јужно кореанската полиција јавила дека уапсила шест работници во крематориум за кои се сомневаат дека краделе и препродавале златни заби од мртовците.
Полицијата јавила дека работниците од крематориумите се осомничени дека на дното од печката го собирале златото и потоа го продавале.
Во соопштението од полицијата стоело дека еден работник на овој начин успеал да заработи 13.150 евра.
Уапсени биле и купувачите на златните заби, еден сопственик на златара и два професионални купци на злато.