Фактот дека Италијаните ја измислиле пицата не значи дека Американците не смеат да ја усовршат на нивен начин – со многу вкусни состојки кои неминовно водат до инфаркт.
Запознајте ја најамериканската пица која досега сте ја виделе. Направена е во чест на Денот на независноста на САД, и ги содржи сите состојки кои ја направија американската фаст-фуд индустрија најнездравата кујна на светот.
Станува збор за пица прекриена со кечап, два чизбургери, пилешки крилца, помфрит и топен кашкавал… Еден залак од оваа пица сигурно содржи преку 500 калории!!!