Сара Џесика Паркер своевремено ја носеше титулата на модна икона, но нејзините стајлинзи кои ги носи секојдневно некако се многу далеку од добри!
Ѕвездата од серијата Сексот и градот ја уловиле папараците на улиците на Њујорк додека со семејството тргнала во посета на пријателите.Ниту празничната атмосфера не успеа да ја поттикне Сара Џесика Паркер да побара во својот плакар нешто повеќе гламурозно од широќиот фустан кој го подигнала, а работата да биде уште полоша, ги открила и чорапите кои ги носела на чевлите со отворени прсти и петици.
Актерката која постојано со својот одличен стајлинг на премиерите се стекна со титулата модна икона, сепак приватно најмногу сака да се облекува релаксирано и опуштено, па не е ни реткост папарзите да ја уловат несредена, без шминка и вака “парталава”.