Ватиканскиот астроном Гај Консолмаџо порачал дека сите форми на живот се добредојдени во Католичката црква.
Ватикан – Католичката црква го поздравува вонземскиот живот и ги поканува вонземјаните под своја закрила, изјавил Гај Консолмаџо, еден од дванаесете астрономи кои работат во Ватикан.
Консолмаџо кој е во служа на папата Бенедикт XVI, изјавил дека сите видови и форми на живот, кои досега се непознати и за луѓето, се добредојдени во Католичката црква.
Тој со своите изјавил оставил можност за прифаќање на вонземјаните и нивно крштевање, а додал и дека сам би ги крстил.
„Би бил премногу среќен доколку пронајдеме вонземјани, а уште посреќен доколку ги крштевам“, изјавил ватиканскиот астроном.
Според неговото мислење, човекот и онака има ограничено знаење, па затоа не треба да се негира можноста за постоење на вонземјани.