Љубовта може да биде комплицирана, па затоа треба добро да размислите пред да се одлучите да влезете во сериозна врска. Ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да донесте правилна одлука:
Вие не може да го промените: Можеби би можеле да влијаете на некои ситници од карактерот на вашиот партнер, но бидете сигурни дека нема да може да го промените. Доколку има многу работи кои ви пречат кај партнерот, најдобро е да ја побарате вашата среќа на друго место, затоа што тие работи кои ви пречат во иднина може да претставуваат големи проблеми.
Дознајте се што може да дознаете: Никогаш не може да имате премногу информации. Обидете се да се информирате за се од минатото на вашиот партнер, затоа што понекогаш неговото минато може да претставува пречка која вие не може да ја преминете. Исто така ќе дознаете и за каква личност станува збор, бидејќи караткерот се гледа преку односот кон другите луѓе.
Мора да има љубов: Никако не планирајте врска со некого за кого не сте сигурни дека го сакате. Со секоја врска вие започнувате заеднички живот, што значи дека ќе бидете приморани на компромиси и на почитување на неговото мислење. Секоја врска има и турбулентни периоди, кои може да ги издржите само доколку го сакате партнерот.
Следете ги инстинктите: Најважната лекција која можете да ја научиме пред да се одлучите за сериозна врска е секогаш да ја следите интуицијата. Во ред е да побарате совети, но на крајот на раиштата само вие знаете што е најдобро за вас. Не ги игнорирајте вашите чувства и добро размислете пред секоја одлука која има сериозни последици.