Професор Џереми Персон, експерт на британската фондација “Срце” која ко-финансирани од истражувањето, рече: “Оваа голема студија покажува дека зголемениот ризик од срцеви удари постои во периодот од шест часа после вдишување на голема количина од автомобилските гасови”.
“Знаеме дека загадувањето може да има големо влијание врз здравјето на срцето, веројатно затоа што може да ја згусне крвта и на тој начин да се создаде поголема веројатност за појава на згрутчување на крвта, што доведува до зголемен ризик од срцев удар”. Нашиот совет за пациентите останува ист – ако имате дијагноза на болести на срцето, пробајте да избегнете долгите останувања надвор во области каде што загаденоста од сообраќајот е поголема, како што се прометните улици, вели професор Персон.
Оваа студија вклучува медицински досиеја на околу 80.000 луѓе со срцеви заболувања во Англија и Велс, и овие податоци биле споредени со податоците од загадувањата на воздухот.
Професор Персон на крајот заклучува: нездрава храна, пушење и останати штетни фактори донесуваат многу голем ризик на заболувања на срцето, но вдишување на автомобилски гасови е како шлаг на тортата, пренесува BBC.