Ве запознаваме со последниот жив Нинџа воин во светот! :)

popara16 октомври, 20111min00
nind_a_432815S1

Масаки Хатсуми живее во јапонскиот град Нода, во близина на Токио и ја шири мудроста држејќи часови и тренинзи во сала која се наоѓа под железнички пруги.

Нинџите секогаш биле обвиткани во мистерија, а нивните боречки вештини станаа инспирација за многу филмови и романи. Но, ретко кој од нас има сретнато вистински нинџа воин, а тоа наскоро ќе биде и невозможно, бидејќи последниот таков не е баш млад, поточно 80 години.

И покрај влезот во деветтата деценија од својот живот, Масаки, последниот жив нинџа, е витален и необичен старец. Не постојат критериуми кои треба да ги исполнуваат потенцијалните нинџи, и самиот Масаки наведува дека уметноста на нинџите не е тајна и дека секој оној кој сака да стане може, но процесот  на учење е болен.

Во текот на студиите тој имал напишано неколку книги со теми за нинџите воини, а според него, првично припаѓале на руралните класи, поседувале езотеричен мистицизам и вештини на кинеската династија Танс.

Хатсуми, учи веќе 50 години, но понатаму самиот смета дека се уште е ученик. До сега своето знаење го пренел на 100 илјади следбеници на оваа боречка вештина.

Немојте да бидете изненадени со фактот дека повеќето денешни нинџи ученици не се јапонци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag