Помина времето кога само жените беа оние кои измислуваа секакви начини да се разубават. Сега таа улога ја превземаат и мажите, кои копираат од женските производи за убавина.
За мажите од неодамна постои специјален лак за нокти инспириран од популарните бои на автомобилите, моливче за оли и масара. За пудрата и да не зборуваме. Но козметичката индустрија отиде и чекор понатаму, па од неодамна на пазарот се појавија и вештачки трепки наменети за мажи.
Неодамна, британскиот бренд “Ејлур” одлучи да им помогне на мажите кои сакаат да ги нагласат нивните очи и го претстави својот нов производ кој наиде на одобрување кај машката популација. Од „Ејлур“ велат дека сакаат да им овозможат на мажите да додадат доза на нежност и таинственост во нивниот поглед.
Трепките чинат околу 5 евра, а засега се продаваат само во Велика Британија. Постојат два вида на трепки- дебели и тенки, и двата вида ветуваат вистински “Холивудски изглед”.