Ветената земја не е Америка, туку Бразил! :)

popara21 ноември, 20111min00
117356

Европејците во потрага за работа и подобар живот се почесто заминуваат во економски стабилната јужноамериканската земја.

Ветената земја повеќе не е Америка, туку Бразил. Тоа е една од ретките земји кои за време на светска криза кредитниот рејтинг расте, додека кај сите други се намалува, а се повеќе европејци одат таму за работа и подобар живот.

Бразил, според последните прогнози ќе заврши како шеста економија во светот, превземајќи го местото на Велика Британија. Само Кина и Индија имаат поголем економски раст. Едно неодамнешно истражување покажало дека дури 80% од компаниите во оваа земја планираат да го зголемат бројот на вработени. Ова се должи пред се поради недостатокот на квалификувана работна сила во скоро сите индустриски области.

Фабрис Вирман, 27 годишен французин, дипломирал пред 3 години, токму кога почна економската криза. Во Франција не успеал да најде работа, но затоа среќата го однела во Бразил. Тој изјавил дека работата како маркетинг консултант во Бразил му е далеку подобра за разлика од неговите колеги кои во Франција се невработени или пак во најдобар случај работат како келнери.

„Многу мои пријатели ми ги испраќаат своите биографии за да им помогнам да најдат работа во Бразил“, изјавил Фабрис.

Фабрис додал дека работата ја нашол благодарение на интернет агенција која нуди работа на европејци во Бразил. Агенцијата била основана од португалец кој и самиот тој барал спас во оваа поранешна португалска колонија. За само два дена се пријавиле повеќе од 20.000 луѓе. Европа има голема понуда на работна сила, а Бразил е земја на која и е потребно тоа.

Бразил е политички стабилна земја, со околу 190 милиони жители и големи природни ресурси. Интересен е фактот дека на местото претседател на земјата од минатата година се наоѓа Дилма Русеф, која по потекло е од Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag