Луканикос е повторно меѓу демострантите, завивајќи додека луѓето фрлаат камења, а гневно лае кога полицијата напаѓа со солзавец.
Тој стана славен благодарение на бројните фотографии кои беа објавени на многу весници и репортажи за протестите во Атина.
Луканикос е кучето демострант, симпатичено куче скитник, кое се прослави преку весниците, а инаку учестувал скоро на сите протести досега кои се направија во Атина.
Луканикос сака гужва и протести, секогаш е во првите редови и секогаш на страна на демострантите.
Некои, поради неговата боја на крзно го нарекуваат Канелос (Цимет), а некои Луканикос (Колбас).
За разлика од останатите кучиња скитници низ светот, во Атина кучињата скитници кога се кастрираат и вакцинираат им се ставаат и каивчиња околу вратот. Во повеќето земји проблемот со кучиња скитници се решава со успивање на истите, но грчката култура е против тоа.