Вечниот НЛО ентузијаист Мајкл Коен дошол до уште еден доказ дека вонземјаните ја посетуваат Земјата и посматраат дали сме спремни за спасувањето кое сакаат да ни го направат.
Снимката која ви ја пренесуваме е забележана во Бразил, во регионот кој според зборовите на Коен претставува едно од омилените места на вонземјаните и американските научници во потрага по вистината.
На снимката која настана на 20 септември, 2011, забележан е објект кој изгледа како летечки тањир и кој лебди во место. Сфаќата на снимката се различни, па така додека едни мислат дека станува збор за измама, други се сигурни дека ова е само уште еден од бројните докази за присуството на вонземјаните на Земјата.
Меѓу вторите се наоѓа и Коен кој верува дека нашите „галактички браќа”, како што ги нарекува, будно внимаваат на луѓето и набљудуваат дали сме спремни за спасување.
Коен предвидува дека вонземјаните ќе не ослободат од алчноста, корпорациите, политиката и религијата, фактори кои според негово мислење го успоруваат растот на човечката раса, со оглед на потенцијалот.
Интересното видео и интерпретацијата на Коен, погледнете ја овде:
httpv://www.youtube.com/watch?v=vur2SYZ8NzA