Видео: И „цицлеста“ кукла, кандидат за градоначалник! :) Немам коментар :)

popara13 октомври, 20111min00
0591007.48

Со оглед на моменталната ситуација во светот и светската економија, кандидатурата на една „цицлеста“ кукла за местото градоначалинк не изгледа така апсурндно. Никој немора да се плаши дека ќе прави погрешни чекори или дека ќе зборува глупости.

Сопственикот на локалот KT во Ридинг, предградие на Синсинати, Охајо, одлучи популарната маскота на неговиот локал да се кандидира на изборите за градоначалник во овој град.

Куклата со бујни гради Barbe-Q, станала славна откако градскиот совет побарал од сопственикот таа да се облекува попристојно, бидејќи нејзината појава во бикини и куси шорцеви се сметала за непристојна.

Со својата упорност угостителот Кени Тесел успеал да се избори за правото куклата да ја облекува како што сака, а со Barbe-Q пред неговиот локал работата му се зголемила за 40%.

Благодарение на бесмислените тужби од градот, Barbe-Q станала вистинска ѕвезда, па ништо чудно да добие и по некој глас на изборите за градоначалник.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ZFNtQqU7wU0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma