Додека водителката на главниот Дневник ја читала веста дека Мич Вајнхаус, таткото на починатата Ејми, ќе пишувал биографија за нејзината ќерка, во позадина била емитувана снимка од концерт на Ејми, но во овој случај таа била погрешна.
Уште во февруари снимката била поставена на YouTube, и се работело за пародија каде Ејми ја пее народната песна Џет-сет.
По се изгледа дека во режија го пронашле клипот, но не го провериле тонот на видеото кога одлучиле да го пуштат во програма на главните вести на 11-ти октомври годинава.
Иако многу луѓе се прашуваат дали станува збор за монтажа на прилогот во Дневникот, но голем број на луѓе кои го гледале Дневникот, изјавиле дека тоа навистина се случило.
“Гледав кога го пуштија прилогот, умрев од смеа … најдобра беше реакцијата на водителката кога ја слушнала песната во позадина “, напишал еден од гледачите.