ВИДЕО: Каде се кријат тие мали зелени “пријателчиња”?!

popara4 октомври, 20111min00
prtscr-capture_310

Во последно време се повеќе се наметнува мислењето дека малите зелени “пријателчиња” почнале да копаат бази длабоко под површината на земјата кои ги посетуваат одвреме навреме и успеваат да се сокријат од љубопитното човечко око. Еве неколку локации за кои се смета дека се прибежишта на вонземјаните.

Езерото Ерие

http://www.youtube.com/watch?v=Ug9-szKFAgc&feature=player_embedded

Ова место поради својот „хорор“  изглед, негативната аура, но исто така и поради многубројните изјави на познатиот уфолог Карлос Клементе кој активно ја следи оваа локација изминатите 10 години стана мета на многубројни шпекулации и наводно вистинити настани во кои се вели дека под езерото има голема база на мали зелени човечиња.

Хаваи

Теоријата за можна база на вонземјани на Хаваите се појави во април 2011. Ова се случи поради снимката на 3 летечки објекти кои како мали пчелички прелетуваа бесшумно преку островот и потоа се враќаа во базата. Се мисли дека оваа локација е посебно атрактивна поради големиот број на тектонски движења во ова подрачје, но исто така и поради големиот број на органиски примероци кои ги собираат за анализа и за подготовка на стратегија во случај на инвазија на земјата.

http://www.youtube.com/watch?v=CzlhHzaGFJo

Лох Нес

На оваа локација во последно време се повеќе се приметуваат вонземски активности и летала кои заронуваат во езерото а потоа губат секаква трага. Па поради ова се мисли дека и нивната база се наоѓа под самото езеро. Причината поради која се смета дека воземјаните изградиле баш на оваа локација база е за да го проучуваат „Неси“ митското чудовиште од езерото . Доколку Неси навистина постои тогаш би требало да биде најстар облик на живот на Земјата.

Вулканот Паринакота

За оваа локација се смета дека базата направена на ова место вонземјаните ја изградиле за да тестираат биолошко оружје , но исто така и за експериментирање со временските услови. Интересно за оваа локација е тоа што се верува дека базата е сместена во самиот вулкан под лавата каде се уште луѓето не се во можност да проверат дали е тоа вистина.

Месечината

Местото кого дефинитивно го бие најлош глас како можна локација на база на вонземјаните е месечината. Според некои кругови и гласини се мисли дека Месечината е голема база на вонземјани кои тука ја изградиле за да бидат поблиску до Земјата и полесно да ја следат и проучуваат. Според  други се мисли дека на Месечината нацистите соработувале со вонземјаните за да одлучат дали да направат усовршување на човековата раса или да ја уништат. Покрај овие гласини има безброј други поради Месечината спаѓа во најопасните локации на бази на вонземјани.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=5Fiexj9iYNA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag