Во експлозија која се случила околу 10:15 часот по локално време пред Врховниот суд во главниот град на Индија, Њу Делхи, се убиени 10-тина луѓе а стотици се повредени, објавила телевизијата NDTV.
Телевизија NDTV дошла до снимка каде го покажува моментот на експлозија.
Во среда, според TImes of Indiaа, пред судот има голема гужва, бидејќи тогаш се одржува јавно наддавање.
Според Reuters се уште не е позната причината на експлозијата, а телевизиските снимки покажуваат како судии и адвокати бегаат од местото на настанот.
Телевизија NDTV известува дека најверојатно се работи за бомба поставена во чанта. Повикувајќи се на изјави на очевидци, телевизијата известила дека “насекаде има крв”. “Тоа беше силна експлозија, крв има насекаде”, изјавила видно шокирана адвокатка која одела на работа.
Експлозијата се слушната неколку километри од судот. Судницата се наоѓа во близина на парламентот и владата во Њу Делхи.