Непознат човек го нападнал францускиот претседател Никола Саркози, но телохранителите на шефот на државата веднаш го совладале, по што бил приведен.
За време на ракувањето со граѓаните на градот Бракс, јужна Франција, човекот го фатил Саркози за рамото и се обидел да го турне во толпата луѓе.
Саркози кој во градот присуствувал на собир на градоначалници, бил видно вознемирен поради инцидентот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=t2co6RwmsN8&feature=player_embedded
Саркози, кој ќе се кандидира повторно на изборите кои треба да се одржат за десет месеци, веќе неколку пати учествувал во вербални расправии за време на својот мандат, а најмногу ќе остане запаметен по навредата која ја упати на еден човек: “Бегај, губитнику“.