Според зборови на сведоци, на 24 септември во вечерните часови над Pittsburg (SAD) се забележани четири светлечки објекти како летаат во формација.
Очевидците тврдат дека виделе четири портокалови кугли, но случајно ги забележале додека оделе на посета кај пријател. „ Најпрвин видовме еден светлечки објект кој се движи брзо, како хиликоптер или авион, но одеднаш застана и брзо потоа исчезна од небото“ објаснува еден од сведоците.
„Тогаш видовме уште два такви портокалови објекти на сосема различни делови од небото. На крајот се појавија четири објекти и се подредија во формација. По некое време престанаа да зрачат со светлина, но и понатаму гледавме четири округли, метални објекти како летаат во далечината“.
За сега е нејасно што точно е забележано на снимката, но се уште не е исклужена можноста да се работи за авиони. Како и да е, локалната полиција сеуште не се огласила во врска со случајот, па се претпоставува дека ни тие не знаат за што станува збор.
Снимките за таинствените објекти можете да ги видите овде: