Во текот на викендот населението во данската општина Брондерслев биле сведоци на необична појава на небото, која заинтересирала многу љубители на НЛО.
Еден од жителите со сопствената аматерска камера го снимил чудното движење на непознатиот објект на небото. Објектот имал портокалова боја, се појавил од никаде и летал без да испушта некаков звук. Се свртел два пати, но поради силната светлост која ја имал, не можело да се процени неговата големина. Жителите тврдат дека целата негова појава била страшна и морнучава. За овој неидентификуван летечки објект се заинтересирале дури и од Скандинавскиот центар за НЛО.