Некогаш чуван како најголема државна тајна, а сега Босна и Херцеговина се обидува да го претвори во туристичка и културна дестинација. Бункерот на Тито покрај Коњица вреди повеќе од 4,5 милијарди долари, а во него со месеци би можеле да живеат стотина луѓе без допир со надворешниот свет.
Атомското засолниште на Тито е една од најдобро чуваните тајни. Градењето на подземен град, под името “Истанбул“ траело 26 години и биле потрошени околу четири милијарди долари. Влезот некогаш им бил дозволен само на високите генерали на ЈНА. Сега сите уметници се добредојдени.
“Обично стражата пред бункерот спие. Вообичаено не се случува ништо, посетители повремено доаѓаат. Но сега тука на едно место е интегрирана уметноста. Тоа е сјајна идеја. Одлично е што војската ни го овозможи тоа, војниците се навистина љубезни и подготвени да помогнат“, рекол уметникот Карстен Конрад.
Длабоко во планината има стотина простории. Во нив би можеле да живеат 350 луѓе до шест месеци без било каков допир со надворешниот свет.
http://www.youtube.com/watch?v=BbsT2S4_3W8&feature=player_embedded
Извор: Нетпрес