ВИДЕО: Падна системот на Blackberry и тоа втор ден по ред

popara13 октомври, 20111min00
blackberry-bold-strom-5x3

Неколку часови откако канадската фирма RIM, произведувачот на Blackberry објавиле дека сите сервиси  „нормалното функционирале“, сега корисниците пријавиле нови проблеми.

Twitter е полн со фрустрирани корисници кои се жалат дека ни по отстранувањето на проблемот не можат да праќаат пораки и е-mail-ови. 20 часовното нефункционирање на системот ги оневозможи Blackberry услугите во делот на Европа, Блискиот исток и Африка.

Vodafone претставништвото од Египет објави дека станува збор само за делумен прекин на сервисот.

Еден корисник на Twitter го сумираше расположението на многумина: „Серверот на Blackberry повторно падна?! Вие сигурно се шегувате со мене!!!“

Најновиот дефект се случи само неколку часa откако RIM издаде службено соопштение во кое се наведува дека сите сервиси „работат нормално“.

Милионите корисници не можат да примаат ниту да праќаат е-mail-ови а ниту да користат интернет, а според допишувањата на BBC News се претпоставува дека неуспехот на системот е во услугите во Slough центарот за податоци во самата RIM.

Образложенијата за тоа што го предизикало овој проблем засега се многу малку. Во соопштението за јавноста RIM им се извини на корисниците poради незгодните ситуации, но не даде никаква додатна информација за изворот на овој проблем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag