Едно копче можело да ги однесе во катастрофа!
Јапонскиот ко-пилот на “Боингот 737-700” на компанијата Нипон ервејс, малку му фалело да го сврти авионот за 360 степени, бидејќи несакајќи притиснал погрешно копче! Тој успеал да направи маневар каде авионот се свртел за 130 степени и се спуштил цели 1,2 милји за само 30 секунди. Во авионот имало 117 патници, а шест од нив чувствувале гадење и се пожалиле на болки во вратот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vC8si0ITVOU&feature=player_detailpage#t=0s
Истрагата покажала дека ко-пилотot, наместо да го притисне копчето за отклучување на вратата како би можел капетанот да влезе во кабината, тој погрешно го притиснал копчето за управување со авионот. Контрола на авионот била воспоставена по половина минута, и за среќа никој не бил повреден.