ВИДЕО: Русите во Студената војна го истражувале воскреснувањето?

popara15 декември, 20111min00
0131007.48

Обемот на истражувањата и експериментите не е сеуште во потполност познат, но документите укажуваат на тоа дека и Американците и Русите се занимавале со истражување на паранормалното.

Помеѓу различните експерименти кои се одвивале во Русија се вбројуваат и некои многу интересни. Тоа што започнало како „обична” демонстрација на телекинетски моќи, со време се претворило во вистинска магија.

Имено, Нина Кулагина едно време била позната како руско чудо бидејќи наводно имала телекинетички моќи, односно можела да помрднува предмети со силата на умот.

Тоа барало длабока концетрација, а можела да помрднува предмети од било каков материјал. Нејзините методи биле набљудувани од научниците кои ја снимиле на дело. И покрај тоа што меѓу научниците биле двајца нобеловци, се чини дека изворот на нејзините моќи во потполност не е откриен, а нема ни начин како да се повтори.

Но, тоа што е поимпресивно од мрдањето на предмети, а што Русите интензивно го истражувале, е нејзината можност со длабока концетрација да го забави и запре срцето на животните. Колку што е познато, своите моќи не ги тестирала на луѓе, но откако се прочуло за нејзините завидувачки моќи и Америка почнала да бара поединци со слични моќи.

Русите имале една мала тајна. Имено, Нина освен што можела да го запре срцето и да убие со поглед, таа можела и да ги оживее неодамна починатите животни. Тоа не го правела со масирање на срцето или со слични конвенционални методи, туку со длабока концетрација, односно со поглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag