ЦИА (Централната американска разузнавачка агенција ) со години користела една зграда во Букурешт, Романија, како затвор за најважните осомничени терористи, пред наводно да ги испраѓа во логорот Гвантанамо на Куба.
Иако, за овој таен затвор на ЦИА во Романија со години се знаело и се пишувало, дури сега американсакта агенција АП, и германската телевизија АРД успеале да утврдат каде е точно таа зграда.
Затворот во Романија бил дел од широката мрежа тајни затвори кои ги има агенцијата низ светот. Такви затвори имало во Тајланд, Литванија, Полска, но сите се затворени до мај 2006 година, а програмата на ЦИА била прекината во 2009 година.
ЦИА до сега несакала да ги коментира тврдењата за постоењето на тајни затвори низ светот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AADf-8h04ng