Во овие тешки економски времиња многу од нас приморани се да го намалат луксузот во сите сегменти од нашите животи, а еминентниот израелски писател Етгар Карет тоа изгледа го сватил буквално, па нарачал изградба на најтенката куќа на светот.
Полскиот архитект Jakub Szczęsny го дизајнирал изгледот на идната куќа на Керет – минијатурен повеќеспратен стан кој ќе биде меѓу две постоечки згради во Варшава, а по реализацијата на проектот тоа ќе биде најтенката куќа на светот.
На својот најширок дел куќата наречена Ermitage ќе биде широка 133 сантиметри, но и покрај тоа во неа ќе се најде доволно простор за дневен престој, спална соба, кујна, ходник и купатило. Во комплексот се влегува со помош на склопливи скали кои служат како под на дневниот престој, а целосната инсталација е исполнета со елементи изработени од иверица, изолациски плочи и бетон кои се отпорни на вода и оган.
Ermitage ќе биде работно место и дом за истакнатиот израелски писател Etgara Kereta, а ќе ја исполни и функцијата на студио за повикани – млади креативци и интелектуалци од целиот свет. Покрај тоа што треба да биде удобен простор за живеење, Ermitage треба да ги обезбеди и условитте за креативна работа и да стане значајна платформа за интелектуална размена.