Ширењето на НЛО се манифестира во последните неколку години низ целиот свет, а според некои проценки посебно е очигледна во источна Европа.
Таму НЛО се дел од секојдневицата, а на тоа сведочат и снимките на кои се забележани таинствени објекти. Една од снимките неодамна настанала во Украина, а на неа е забележена интересна појава во ноќното небо.
За сега на неидентификуваниот објект на снимката се гледаат само светла кои се истакнуваат во ноќното небо. Иако снимката настанала на 19 септември, објавена е недоамна, а првите шпекулации се, очекувано, дека се работи за вонземјанско летало.
Сепак, се повеќе се оние кои за се поголемиот број на НЛО ги криват воените експерименти. Тие мислат дека вонземјаните веќе се на Земјата, и тие немаат што да кријат, а и така ние секојдневно ги гледаме.
Но, за разлика од вонземјаните, кои јавноста би ги дочекала со раширени раце, војската би можела да експериментира со работите кои мора да се кријат од јавноста.
Уште помрачна теорија е дека вонземјанската технологија е заложник во рацете на националните, а можеби и приватните војски, и дека НЛО се резултат на експериментите со вонземјанската технологија.
Според оваа теорија, корпорациите со своите приватни војски, водат своевидна студена војна во кој експериментираат со таинствени технологии и оружја за да осигураат конкурентност на пазарот.
Не сакаме да навлагаме во тоа која од овие теории е точна, но затоа ви ја пренесуваме снимката од мистичниот објект над Украина: