На снимката која ви ја пренесуваме наводно е забележано вонземјанско летало кое слетува во шума покрај пат. Настанот се случил на 26 ноември 2011, и предизвика голем интерес.
Иако авторот на снимката само тврди дека снимил НЛО и не нуди никакво објаснување, еден дел од гледачите веднаш почна да ја фалат снимката, и ја сметаат за еден од поинтересните докази за постоењето на вонземјаните, додека другите, се помалку импресионирани, и ги фалат монтажерските способности на авторот.
Во теоријата на вторите оди во прилог и фактот дека снимката нема звук, но авторот тврди дека необичната појава ја уништила камерата и дека е среќен што барем ја сочувал видео снимката на мемориската картичка.
Необичниот објект е снимен како полетува од шумата и се чини дека има облик на кугла или чинија. Дали навистина се работи за вонземјанско летало или станува збор за вешта манипулација, проверете во видеото: