Иако поранешниот станар на Големиот брат, Брендон изјави дека се откажува до водителскиот ангажман во емисијата “Све за љубав”, Сораја за медиумите изјави дека всушност добил отказ. Еве видео кое покажува и зошто!
Судејќи по емисијата “Све за љубав” заедно со Сораја, Брендон повторно се обидувал да биде во центарот на вниманието со своите “фори”.
Но, на видеото се гледа колку далеку отишол и колку сите го игнорирале. Покрај тоа што се оптегнал на маса пред Сораја, тој на публиката и велел: “Вие не сте важни!”, и упаѓал во збор на останатите гости и на водителката.
Се шпекулира дека ваквото негово однесување е причината поради што тој добил отказ, иако тој тврди дека овој тип на емисии не му одговара, па во договор со водечките членови на продукцијата се повлекол од проектот.
http://www.youtube.com/watch?v=M7uis-iw_Sk&feature=player_embedded
“Продукцијата и јас одлучивме дека ‘Све за љубав’ не е право место каде што ја можам да ги изразам своите способности и да се претставам себе и нив во најдобро светло. Ќе направам кратка пауза што се однесува до медиумите и ќе ја чекам првата прилика”, изјави неодамна Брендон.
Но, во медиумите се појави Сораја која вели дека Брендон добил отказ, а оваа нејзина изјава видно го вознемири Брендон.