На фудбалскиот натпревар во Норвешката лига помеѓу тимовите на Согндал и Бран, се случил немил настан кога фудбалерот од средниот ред на Бран, 27-годишниот Карл-Ерик Торп се урнал на земјата пред крајот на натпреварот поради срцев удар …
Според информациите од норвешките медиуми, несреќниот Торп влегол во игра во 79 минута, и само десет минути поминати во игра се срушил на теренот. За кратко време му била дадена лекарска помош, и веднаш со хеликоптер бил пренесен во болница каде му бил дијагностициран срцев удар.
“Торп доживеал срцев удар. Ништо друго не можеме да кажеме освен дека сега е во стабилна состојба и дека е многу подобро. Во моментов е стабилен и при свест, изјавил д-р Асла Кјелдсен за норвешките медиуми.