Една жена погинала, а осум лица биле повредени во мистериозна експлозијата во Буенос Аирес! Според изјавите на очевидците, експлозијата наводно била предизвикана од пад на метеор или како дел од сателит, бидејќи пред да се случи ударот, на небото била забележана голем огнене топка.
– Мојата ќерка седеше во својата соба кога одеднаш почуствувала мирис на барутот, и видела голема сина топка како удира во соседната куќа, изјавила една Аргетинка.
Еден млад Аргентинец изјавил дека го снимил падот на метеорот со помош на својот мобилен телефон. Министерот за безбедност, Рикардо Касал изјавил дека не ја исклучува можноста дека паднал метеор, или дел од сателит.