Ова е привременото живеалиште на Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“. Иако може да се пофали со голем број на куќи и имоти, оваа куќа е изнајмена исклучиво за неговата ќерка Џенифер. Погледнете како изгледа.
Луксузната вила има дури осум спални соби, а она што ѝ најважно на неговата ќерка е вилата да има штала и полигон за коњи. Гејтс ја изнајмил оваа куќа на Флорида во Велингтон поради близината до местото каде ќе се одржува Зимскиот фестивал со коњи, односно во Палм Спрингс, на кој ќе учествува и ќерка му.
Основачот на „Мајкрософт“ поседува куќи и во Сиетл и Вајоминг, но семејството одлучило дека растојанието до местото на коњичките трки е преголемо. Затоа, Гејтс се решил да ја изнајми вилата, со што на крајот на изнајмувањето ќе размисли и дали да ја купи вилата.