Викиликс: Индиска политичарка испратила авион за да и ги донесе омилените сандали

popara8 септември, 20111min00
Mayawati withdraws support to UPA

Според најновите депеши кои ги испратил Викиликс, индиската политичарка Мајавати испратила приватен авион во Мумбаи, за да и ги донесе омилените сандали. Мајавати е инаку управител на Утар Прадеш, еден од најсиромашните региони  во Индија.
Мајавати жестоко ги негирала сите обвинувања, кои биле доставени од Викиликс.

– Ќе побарам за шефот на Викиликс, Џулијан Асанж, “ментален азил”. Ако за него во неговата земја, нема место, ние можеме да го сместиме во една од нашите ментални болници, изјавила индиската политичарка. Мајавати додала дека не знае кога точно испратила авион во Мумбаи, како што е наведено во депешите.

Во локалните индиски медиуми во последно време се пишувало како Мајавати била опседната со фактот дека треба да стане премиерка на Индија. Сите тие пишувања и наоди таа ги демантирала, известува CNN.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag