Викиликс: Јованка на Тито му организирала состанок со Дража Михајловиќ

popara5 септември, 20111min00
Tito and Jovanka car 529

Вдовицата на Јосип Броз Тито во септември 2009 година водела саат и половина разговор со американскиот заменик-амбасадор во Србија, во кој разговор таа ги нападнала Русите и рекла дека тие никогаш не му се допаѓале на Тито. За Словенците кажала дека никогаш не биле посветени на Југославија, но и за оние кои биле одговорни за нејзиниот домашен притвор пред 32 години, пишува Блиц.

Се работело за средба во американската амбасада која ја организирал Расим Љајиќ, единствениот човек според мислењето на Јованка Броз, кој би можел да ја води Србија. Јованка истакнала за време на разговорите дека заговорот против нејзе за да биде во притвор во 1977 година е дело на Стане Доланц, член на тогашното Претседателство. Доланц и тогашниот генерал Љубиќиќ, стравувале дека таа би можела да го искористи успехот на Тито за свое позиционирање во политичкиот врв на Југославија. Таа изјавила дека Тито бил премногу слаб за да може да ја контролира ситуацијата.

Јованка исто така раскажала дека за време на војната, организирала две средби меѓу Тито и Дража Михаиловиќ. “Тие разговараа и спиеа еден до друг на душеци од слама”, изјавила Јованка.

Следното утро, сепак, цел круг на Титови соработници речиси бил целосно избришан,  кога четниците разнеле мост на кој тие поминувале. Јованка рекла дека било јасно дека четниците на Михајловиќ сакале да ги искористат преговорите за елиминирање на Тито. После таа случка повеќе немало преговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag