Кинезите манијакално купуваат злато и по цена од 1850 долари за унца, а ќе го купуваат и кога неговата цена ќе порасне!
Ќе го купуваат по било која цена, се додека го има, тврдат аналитичарите по откривањето на тајните документи на Американската амбасада во Пекинг, кои ги објави Викиликс.
Во депешето бил бјавен кинескиот план за ставање крај на доминацијата на доларот, но и да се спречи воспоставување на еврото како резервна валута.
“Кина ќе ги зголеми своите резерви на злато, со цел да убие две муви со еден удар. Во Европа и САД цената на златото секогаш била со ниска вредност. Тие секогаш имале намера да ја ослабат функцијата на златото како меѓународна резервна валута. Тие не сакаат други земји да се стремат кон купување на злато, туку да се стремат кон купување на долар или евро. Затоа, со зголемување на златните резерви на Кина, како модел на однесување, и други земји ќе почнат да купат повеќе злато. Доколку другите го пратат примерот на Кина, доларот би станал многу скапа и непрактична резервна валута, пишува во коментарот на депешето.