Викиликс повторно жртва на сајбер-напади

popara31 август, 20111min00
www.monitor.bg

Веб сајтот Викиликс вчера повторно бил жртва на сајбер-напади, а нападот се поврзува со неодамнешните објави на десетици илјади документи за Стејт департментот. Се уште не е познато кој стои зад нападот.

“WikiLeaks.org моментално е под хакерски напади”, изјавила групата на нивната Твитер страница. Еден час подоцна, целата страница и документи објавени во неа биле недостапни. Викиликс сугерирал кај своите корисници дека документите можат да ги побараат на други пребарувачи како Cablegatesearch.net.

“САД силно го осудува секое нелегално откривање на доверливи информации”, изјавил портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд. Сепак, американскиот државен врв не ја коментарал автентичноста на документите кои биле објавени, туку само изјавиле дека брзината претставува уште една дополнителна компликација.

Од Викиликс веднаш одговриле на критиките, и тоа додека нивната официјална страница се уште била под хакерски напад.

“Почитувани влади, доколку не сакате да го објавуваме вашето ѓубре, ќе мора да престанете да се однесувате како свињи”, им порачале од Викиликс преку својот Твитер профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag